Huawei G8 User Manual Page 171

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 188
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 170
168
Намалување на штетни супстанции
Овој уред е во согласност со Регулативата за регистрација,
евалуација, авторизација и рестрикција на хемиски супстанции
(REACH) [Регулатива (EЗ) Бр. 1907/2006] и преработениот текст на
Директивата за рестрикција на употребата на одредени опасни
супстанции (RoHS) (Директива 2011/65/EУ). Батериите (доколку се
вклучени) се во согласност со Директивата за батерии (Директива
2006/66/EЗ). За најнови информации за усогласеноста со REACH и
RoHS посетете ја веб-страницата
http://consumer.huawei.com/certification.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Работа при носење на тело
Уредот е усогласен со спецификациите за радиофреквенции кога
уредот се користи близу увото или на оддалеченост од 1,5 см од
телото. Внимавајте дополнителната опрема на уредот, како што се
кутијата и футролата, да не е направена од метални делови. Држете
го уредот подалеку од телото во согласност за барањето за
оддалеченост.
Информации за сертификатот (SAR)
Овој уред ги исполнува упатствата за изложување на радиобранови.
Уредот е радио-примопредавател со мала моќност. Како што е
препорачано со меѓународните упатства, уредот е конструиран така
што не ги надминува ограничувањата за изложеност на
радиобранови. Овие упатства се изготвени од Меѓународната
комисија за заштита од нејонизирачки зрачења (ICNIRP), независна
научна организација, и вклучуваат безбедносни мерки составени за
да осигураат безбедност за сите корисници, без оглед на возраста и
здравјето.
Специфичната стапка на апсорпција (SAR) е единица мерка за
количеството радиофреквентна енергија што ја апсорбира телото
кога користи некој уред. Вредноста на SAR се одредува на
највисокото одобрено ниво на моќност во лабораториски услови, но
вистинското ниво на SAR на уредот додека работи може да е многу
пониско од таа вредност. Причината за ова е тоа што уредот е
Page view 170
1 ... 170 171 172 ... 188

Comments to this Manuals

No comments